Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 декември, во обложувалница на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, осомничениот влегол со дрвена палка и му се заканил на вработениот дека ќе го убие ако не му даде 1.000 евра.
Оштетениот, исплашен за својот живот, заедно со осомничениот влегол зад пултот, ја отворил касата и му го предал целокупниот промет во износ од 7.000 денари. Осомничениот со парите веднаш избегал од местото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело со оглед на тоа дека се работи за лице кое претходно е осудувано за истородни кривични дела против имотот.