вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кумановец и велешанец краделе од приватен имот- едниот завршил во затвор, другиот во станица

Кумановец и велешанец краделе од приватен имот- едниот завршил во затвор, другиот во станица

На 23.02.2023, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Б.(28) од Куманово и М.Д.(23) од Велес.

Тие се сомничат дека на 16.02.2023 од приватен имот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово одзеле повеќе предмети, а М.Д. бил баран и со судска наредба за издржување на мерка притвор во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.

М.Д. бил спроведен во установата за издржување на мерката притвор, а Е.Б. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.