среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кумановската полиција лиши од слобода лице побегнало од затвор од Охрид

Кумановската полиција лиши од слобода лице побегнало од затвор од Охрид
илустрат

Кумановската полиција вчера го уапсила 22- годишниот Љ.М.,  кој бил баран по потерница од казнено-поправата установа Охрид, соопшти денеска СВР Куманово.

-По преземени мерки и активности од СВР Куманово, на 23 јануаир, во 16.15 часот, од слобода е лишен Љ.М. (22), кој се бараше по Потерница од Казнено-поправната установа Охрид-се наведува во соопштението на СВР Куманово

Љ.М. бил осуден на пет години и девет месеци затворска казна за сторени кривични дела од областа на имотни деликти, а на 12.декември минатата година, било  пријавено  дека избегал од Казнено-поправната установа Охрид.