СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Љ.(41) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 03.08.2020 во близина на маркет во Тетово, во напуштена зграда, биле затекнати пријавениот заедно со Ј.С.(50) од Тетово, кај кого бил пронајден хероин, за кој што пријавениот посочил дека го набавил во Скопје и му го дал на Ј.С..