четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Лажно се прикажал како дипломиран правник, па си работел во болницата во Охрид

Лажно се прикажал како дипломиран правник, па си работел во болницата во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“.

При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А.Н. во својство на секретар во болницата, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот – директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за периодот од 01.01.2019 до 31.10.2021.

Притоа, лажно прикажал повисоки коефициенти за пресметана месечна плата за себе, лажно прикажувајќи се како самостоен стручен соработник – дипломиран правник со правосуден испит, лажен-неоснован коефициент за раководење и одговорност, кои самиот си ги одобрил. Врз основа на тоа му биле исплатени повеќе средства во износ од 77.357 денари.