Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, синоќа во 22:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот С.К.(27).
Како што информираат од МВР, тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 10 месеци. С.К.е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.