понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Македонец приведен во Бугарија при обид да прошверцува 4,7 кг марихуана на граничен премин

Македонец приведен во Бугарија при обид да прошверцува 4,7 кг марихуана на граничен премин

Македонец е приведен синоќа во Бугарија при обид да прошверцува 4,7 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево, соопшти бугарската полиција.

Возачот навел дека сака да премине транзитно низ Бугарија и дека крајна дестинација му била Турција. Марихуаната спакувана во 17 пакети е откриена во посебно направен дел во резервоарот на возилото Мерцедес.

Приведен е С.Д. и според бугарските закони се соочува со затворска казна од 10 до 15 години и парична казна од 100.000-200.000 лева. Бугарската полиција соопшти дека приведениот веќе имал криминално досие во матичната држава.