сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Макрон ја одложи посетата на Германија поради нередите во Франција

Макрон ја одложи посетата на Германија поради нередите во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи утрешната официјална посета на Германија поради немирите во Франција, соопшти кабинетот на германскиот претседател.

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше телефонски разговор со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер и го информираше за ситуацијата во неговата земја. Претседателот Макрон побара да се одложи неговата планирана државна посета на Германија, се вели во соопштението.

Макрон заедно со сопругата Брижит утре требаше да допатува во тридневна посета на Германија. Агендата предидуваше средба и со герамнскиот канцелар Олаф Шолц, како и говор на Макрон во Дрезден за француско-германските односи.

Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако тинејџер беше убиен од полицаец во предградие на главниот град Париз.

Во насилните протести само изминатата нож беа приведени над 1.300 луѓе, а повредени 79 полицајци и припадници на жандармеријата.

Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари.

За справување со нередите биле ангажирани околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.