вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетни крадци и нивните родители во полициска станица, еве какво дело признале

Малолетни крадци и нивните родители во полициска станица, еве какво дело признале

Денеска (26.09.2023), полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, ги привеле и во присуство на родители, извршиле службени разговори со тројца малолетници од Скопје поради основано сомнение дека на 28.08.2023 на  ул.„Беласица“ во Скопје со закана со остар предмет одзеле пари од малолетник од Скопје.

Во разговорот тие го признале делото, а обезбеден е и видео материјал.

Од приведените биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.