сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетнички повредени откако со велосипед удриле во ограда

Малолетнички повредени откако со велосипед удриле во ограда
илустрација

Денеска (27.06.2023) во 00.45 часот било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, на крстосница од ул.„Живко Чинго“ со ул.„Андреја Јованоски“, малолетничка од истото село, управувајќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда.

-Во несреќата малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, а малолетничката која го управувала велосипедот се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.