недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МАЛОЛЕТНИЦИ „ОПЕРИРАЛЕ“ ПО ОБЛОЖУВАЛНИЦИ НИЗ СКОПЈЕ: Полицијата им поднесе кривични за разбојништво

МАЛОЛЕТНИЦИ „ОПЕРИРАЛЕ“ ПО ОБЛОЖУВАЛНИЦИ НИЗ СКОПЈЕ: Полицијата им поднесе кривични за разбојништво

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“.

Пријавените, во периодот од 07.04.2022 до 27.05.2022 со закана извршиле пет кривични дела „разбојништво“ во спортски обложувалници на подрачјето на град Скопје, при што се стекнале со противправна имотна корист од 329.097 денари.