На 26.07.2023 во 11.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Х.(52) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил С.Р.(13), кој му бил доделен на згрижување од страна на Јавна установа за згрижување на деца.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.