На 11.01.2022 околу 21.00 часот од полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје поради тоа што претходно во продавница во ГТЦ сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар во координација со Јавен обвинител бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и бранител.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.