петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник набавил фалсификувани банкноти од по 50 евра

Малолетник набавил фалсификувани банкноти од по 50 евра

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Делчево и против Б.И. од с.Град, делчевско, со престојувалиште во Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Во периодот од 25.10.2020 до 27.11.2020 малолетникот набавил и држел кај себе повеќе фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра, од кои четири пуштил во оптек во продажни објекти и менувачница во Македонска Каменица.

При претрес кај него биле пронајдени и одземени 35 банкноти. Б.И. земал една фалсификувана банкнота од малолетникот и ја дал на друго лице, кое не знаејќи дека е фалсификувана ја пуштил во оптек во продажен објект во Делчево.