На 15.10.2022 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП бр.41 бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од двајца малолетници од с.Јаболци, општина Сопиште и с.Батинци, скопско, врз малолетник од Скопје, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.