На 04.04.2023 околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Шишево, скопско.
Според пријавеното, тој бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.