понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник прегазен во Скопје

Малолетник прегазен во Скопје

На 19.06.2023 околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

По несреќата, малолетникот бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди, Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.