вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник се бори за живот откако со четирицикл се забил во автомобил

Малолетник се бори за живот откако со четирицикл се забил во автомобил

Малолетно лице е тешко повредено откако вчера попладне возејќи четирицикл се забил во автомобил.

„На 13.08..2023 во 17.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовско Горно Седларце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес”, управувано од И.И.(57) од Горно Седларце и четирицикл, управуван од 16-годишник од село Синичане, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот, констатирани во Клиничка Болница во Тетово“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.