СВР Штип поднесе известување за малолетник од штипско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 07 и 08.10.2021, пријавениот неовластено употребил податоци од платежна картичка на лице од Штип и извршил 32 успешни трансакции на интернет на повеќе продажни места, со што се стекнал со противправна имотна корист 15.309 денари.