четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник со мопед „хамачи“ изгубил контрола и паднал заедно со сопатничката – двајцата итно префрлени во болница, но таа го извлекла подебелиот крај

Малолетник со мопед „хамачи“ изгубил контрола и паднал заедно со сопатничката – двајцата итно префрлени во болница, но таа го извлекла подебелиот крај

На 25.08.2023 околу 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, 16 годишник од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата возачот и 16 – годишната сопатничка од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што на возачот му биле констатирани телесни повреди, а на сопатничката и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.