На 18.07.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ со ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје, мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Скопје удрил во малолетничка од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобила малолетничка констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.