понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник во притвор, нападнал вработена во аптека

Малолетник во притвор, нападнал вработена во аптека

На 23.05.2022 во 19:30 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје, кој извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.

Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје. Парите се вратени на оштетената.