Синоќа на улицата Браќа Миладинови во Тетово, полициски службеници привеле малолетник од Тетово.
Тинејџерот бил пријавен од 34-годишна тетовка дека околу 17 часот во влезот од станбената зграда во која живеела, се нафрлил на неа, поради што таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.
Детето е предадено на претставник од Центарот за социјални работи, по што било префрлен во соодветна установа во Скопје.
Се расчистува и документира случајот, велат од полицијата.