На 23.09.2022 во 18:30 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот М.Б. од ова село.
Тој се барал со судска наредба за издржување затворска казна.
Претходно, М.Б. бил пријавен дека во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и сопруга.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.