Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.С.(37) и З.С.(41), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
На 22.06.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го затекнале И.С. како управува такси возило, сопственост на неговиот брат З.С., без лиценца и извод од лиценца за возило за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.