СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(30) од охридското село Долно Лакочереј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле 36 куршуми боева муниција, од кои 33 со калибар 7.62 милиметри и 3 куршуми со калибар 9 милиметри.