Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.А.(38) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 05.02.2022 на регионален пат Струга-Охрид, на влез за населба „Езерски лозја“, при извршен преглед на паркирано патничко возило, во кое бил пријавениот, бил пронајден и одземен кокаин.