На 15.02.2022 во 20:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.К.(24) од Тетово, кој околу 19:00 часот во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово со остар предмет му нанел повреди на Н.Ѓ.(28) од Тетово.
Н.Ѓ. бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, а увид извршила екипа на СВР Тетово, при што бил пронајден и предметот за кој постои сомнение дека бил употребен во угостителскиот објект.
Д.К. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок со кој денеска (16.02.2022) ќе биде изведен пред Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.