вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж почина додека поправал багер, машината го згмечила

Маж почина додека поправал багер, машината го згмечила

Четириесет и шестгодишниот А.Р. од село Лакавица починал вчера откако при поправка на работна машина-багер бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела.

Несреќата се случила околу 14:10 часот во гостиварското село Беловиште.

Од полицијата информираат дека лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и шестгодишниот А.Р., а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.