На 23.09.2018 година околу 16,00 часот било пријавено дека на место викано “Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река пронајден бил починат О.Н. (67) од Прилеп.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.