петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж направил грубо насилство во Битола – обвинителството откри детали

Маж направил грубо насилство во Битола – обвинителството откри детали

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 30 септември, во кафе бар на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина започнал да го удира со тупаници по главата, нанесувајќи му телесни повреди.

Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.