вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж пронајден починат во автомобил, познат неговиот идентитет

Маж пронајден починат во автомобил, познат неговиот идентитет

На 06.07.2023 во 16:10 часот било пријавено дека на патот за с.Арачиново, скопско, во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат А.И.(50) од с.Сарај, скопско.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а телото на починатиот е предадено на семејството.