сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мажот чие безживотно тело беше извлечено од Вардар бил застрелан!

Мажот чие безживотно тело беше извлечено од Вардар бил застрелан!

Основното јавно обвинителство Гостивар вчера изврши увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години.

Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје.

Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот.​