понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мигранти од Бангладеш пронајдени во возило кај село Костурино

Мигранти од Бангладеш пронајдени во возило кај село Костурино

Петнаесет мигранти од Бангладеш се пронајдени во товарно возило „Киа“ на регионалниот пат Валандово – Струмица, во атарот на село Костурино, соопшти полицијата.

Мигрантите се пронајдени вчера вечерта околу 20:00 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, а возачот на „Киа“-та побегнал.

По наредба на јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци „Винојуг“ во Гевгелија и во Прифатниот центар за странци во Гази Баба Скопје. (МИА)