На 10.12.2022 во 03:00 часот во близина на угостителски објект во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Е.И.(24) од Скопје.
Приведен е затоа што агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеник кој вршел службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.