сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Млада девојка утрово пронајдена мртва во скопско Волково

Млада девојка утрово пронајдена мртва во скопско Волково

Млада девојка утрово е пронајдена мртва во скопско Волково, дознава Press24 од свои извори во полицијата. Се уште нема информации во какви околности починала девојката ниту пак дали на нејзиното тело има траги на насилство.

Полициски извори велат дека токму во овој момент, полициска екипа се упатила на терен за да изврши увид.

Од МВР официјално се уште нема потврда на оваа информација.