четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Момче од Скопје прободено со нож на концерт во Охрид

Момче од Скопје прободено со нож на концерт во Охрид

Седумнаесет годишно момче од Скопје било прободено со нож во Охрид, за време на концерт.

Настанот се случил во СРЦ Билјанини извори, во 1.30 часот на 31-ви јули.

Додека се одржувал концертот, внатре во стадионот присутните го забележале повреденото момче, по што истото било префрлено во Општа болница Охрид. Станува збор за малолетно лице, момче на возраст од 17 години од Скопје. Повредата е од остар предмет, односно нож. Се превземаат мерки за расветлување на случајот, информираат од СВР Охрид.