сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Момче повредено во сообраќајка, возачот кој го удрил избегал од местото

Момче повредено во сообраќајка, возачот кој го удрил избегал од местото

На 08.08.2020 во 00:00 часот било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“  со повреди здобиени од сообраќајна незгода  бил донесен Б.П.(24) од Скопје.

Имено на 07.08.2020 околу 22:15 часот Б.П. додека со велосипед движел во населбата Илинден бил удрен од непознато патничко моторно возило управуван од засега непознат возач кој по незгодата го напуштил местото на настанот.

На повредениот му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.