петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Монструмот од Кочани е во притвор: Обвинителството со детали за свирепото убиство

Монструмот од Кочани е во притвор: Обвинителството со детали за свирепото убиство

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.

Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена.