среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Морничаво: На човек со здравствени проблеми му ветила дека со обреди ќе му помогне – еве како го измамила

Морничаво: На човек со здравствени проблеми му ветила дека со обреди ќе му помогне – еве како го измамила

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(39) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во период од мај до јуни 2023 година, во домот на 56-годишник од Струга, дошла пријавената, лажно се претставила и ветила дека со одредени обреди може да помогне за надминување на здравствени проблеми.

Во неколку наврати оштетениот на А.Р. ѝ дал пари и златни предмети во вредност од 80.000 денари, кои по извршените обреди требало да му ги врати, но не му ги вратила.