На 02.06.2019 во 11:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Извор, мотоцикл „Јамаха“, управуван од Д.С.(23) од с.Тремник-неготинско изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Д.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во oпштата болница Велес, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.