Во текот на вчерашниот ден во 17:32 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен на бензинска пумпа на ул. „Кеј Димитар Влахов“ пријавил дека на бензинската пумпа дошло непознато женско лице и пријавило дека во близина на пумпата имало починато лице.
Како што информираат од МВР по преземените мерки било утврдено дека починатото лице е Р.Л.(40) од Куманово.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.