недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Му дала 1350 евра на мајстор за да купи печка на пелети и да ја монтира, но тој ја измамил – сега го гони полицијата

Му дала 1350 евра на мајстор за да купи печка на пелети и да ја монтира, но тој ја измамил – сега го гони полицијата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 30.06.2021, пријавениот се договорил со Р.Т.(27) да купи шпорет на пелети за сума од 1350 евра и да го монтира, по што таа во присуство на нејзината мајка ја исплатила договорената сума.

До денот на пријавата, Б.З. не го исполнил договореното, ниту ги вратил парите.