На 03.10.2022 околу 00:15 часот во близина на наплатна станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Oдделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 35-годишниот Р.Ќ. од тетовско Орашје, поради сомнение дека поседува фалсификувана возачка дозвола, која му била одземена.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.