На Н.С. (34) од с.Фурка-дојранско вчера околу пладне му се слошило додека патувал со патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес.
Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13,00 часот починал.
Од полицијата информираат дека при извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени за вештачење.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.