вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: 216 санкции за брзо возење

МВР: 216 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 216 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 95 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.