вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: 297 санкции за сообраќајни прекршоци

МВР: 297 санкции за сообраќајни прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (12.04.2023) во периодот од 11.00 до 17.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 297 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 25 возачи за возење без возачка дозвола, а четири возила биле со неисправен уред за сопирање…

На вонреден технички преглед биле упатени 44 возила, а кај 13 биле констатирани технички неисправности.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.