вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР го пронајде коњот кој што бил украден од одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром

МВР го пронајде коњот кој што бил украден од одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром

Полициските службеници од Гази Баба го пронајдоа украдениот арапски коњ чија вредност се проценува до 50.000 евра и беше украден во средата навечер за време на полицискиот час и му го вратија на сопственикот.

Професионално тренираниот коњ бил украден во центарот во одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром.

Во текот на вчерашниот ден дел од медиумите објавија дека украденото животно е на МВР, но оттаму ја демантираа ваквата информација.