вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: Казнети 130 возачи на мотоцикли

МВР: Казнети 130 возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (30.08.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив, 93 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 15 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.