Тело на безживотно лице вечерва е пријавено во полиција, потврдуваат од МВР за КУРИР.
Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи случајот бил пријавен вечерва околу 21:40 часот.
-Пријавено е дека на улицата „Шарпланинска“ во населба Даме Груев има лице кое лежи без знаци на живот и до него возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дела е сопственост на Д.Н. (65). До овој момент не е утврден идентитетот на лицето, велат од МВР за КУРИР.
Полициски екипи се на терен и вршат увид, а за случајот известен е јавен обвинител.
Засега нема официјални информации која е причината за смртта на лицето чиј идентитет не е познат. Порталот Нетпрес, претходно објави дека се работи за убиство.